врз (предл.) - калдрма (имн.)

Банчината зграда се лула и витка, фенерот паѓа врз калдрмата и матно се разлева.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„ Го слушам тропањето на твоите патерици врз калдрмава.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Овој пат, Мајка, и самата возбудена од значењето на пораката, не можеше да го разбере говорот на Татковите чекори врз калдрмата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Старата излитена чанта, надуена од неколкуте книги во неа, му го враќаше некогашното достоинство кога чекореше врз калдрмата крај реката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски го чекаше во својата библиотека целиот потонат во книгите, ѕиркаше од некоја барикада од нив, како да беше се престорил и самиот во книга, со животот во неа колку да може да се прелистува како единствена книга.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во кратките летни ноќи, лежејќи на рогозина врз калдрмата во дворот (дома не спиевме лете зашто не јадеа болвите) и загледана во безбројните ѕвезди што мижуркаа на небото кое од едната страна беше заградено со куќата, од другата со тремот за овците и до него фурната, па натаму од високиот ѕид што нѐ делеше од комшиите и од долната страна со високата порта и авлијата, си мислев: ете, уште малку и како што ми вети тате, ќе одам во Костур да учам за шивачка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)