до (предл.) - оваа (зам.)

Татко ми ја напушти и последната претпоставка од дното на свеста дека Чанга со козите открил подземен излез од тврдината до оваа стерна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не сети како го помина просторот од пристаништето до оваа тесна улица каде што се потајува во бујната зеленина на бршленот вратата на магазинот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Не ти давам, му велам, таа ракија до оваа пропаст те доведе и не ти давам, Сакаш лути ми се, сакаш не, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се очекуваше Татко да го изнесе своето пледоаје за судството на Балканот, во текот на владеењето на последните империи, сѐ до оваа социјалистичка судница чиј дел требаше да стане и самиот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Знаеш ли, Том, како дојдовме до оваа состојба, градовите во пепел, патиштата разорени од бомби, а половина од нивите блескаат ноќе од радиоактивност? Мала белја ли е тоа, те прашувам?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)