до (предл.) - кујна (имн.)

Откако ќе ја одведе до кујната, тој ја заклучува вратата од кујната и го става клучот в џеб.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Слугите биле префрлени во „дел заслуги“ во сутеренот, веднаш до кујната и визбата, што е уште еден важен прекин со дотогашната традиција во Англија ( а која ние сега ја прифаќаме како да постоела отсекогаш – во типично англиските крими-приказни, слугите се „долу“ и тука озборуваат, а горе, во холот, батлерот во бели ракавици ги најавува гостите аристократи).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Перса појде до кујната по чинијата на Мурџо и откако ја накити со многу повеќе манџа отколку другите пати, излезе надвор само за да не се расплаче пред малечката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ама станала во темница, одела ноќе до кујната водичка да се напие, се сопнала од некоја врчва и паднала.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Снопчиња сино полско цвеќе (им го заборавив името), прилично наконтени за своето потекло, ги дошминкуваат приодите до главните „ѕвезди“: бледите божури, кои ги нарекуваат „полски“, старомодните рози, вечерните јаглики...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Стануваше и полека ќе се довлечкаше до кујната за да му помогне на готвачот, или ќе земеше хартија и ќе почне да пишува: „Драга мамо, не грижи се за мене, сега сум добро.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Вошките за кратко време се намножија по домот. Од спалните до кујната. И вошките беа гладни.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)