до (предл.) - оган (имн.)

Кушо дојде до оганот како кабаетлија што задоцни; рече: „доброутро“, ја симна и тој капата и со „благослови оче“, му бакна рака на попот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Шефот на станицата, оној добар човек со црвена капа, а и со црвено лице, одеше од оган до оган и ги храбреше луѓето, велеше Оние од вашата Македонија ќе го пуштат срцето, велеше, и тие имаат душа, луѓе се, ќе сфатат што значи ова ваше преселување на станицава, велеше Знам дека не е целата работа само да се има плодна земја, дебела вода, бел леб и стреа над главата!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Ех, - рече Методија, земајќи столче и приближувајќи се кон огништето да седне до огнот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Туку и тие барем шалвари носат, ама оваа — просто во вреќа наврена! Се приближи до оганот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Повели, влези, - му извика дедо ми. – Каков изим за добредојдениот? Ајде, седни тука поблиску до огнот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Брго-брго мајката го клала ѓумчето со ракија до огнот да се стопли, а Неда го донесла големиот стол, та го клала да седи Силјана; му ги собула опинците и му ги измила нозете и го променила со велигденската руба.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)