до (предл.) - пета (имн.)

Потоа поминаа лекари. Нѐ прегледаа од глава до пети. Болните ги одделија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
— Дојду пак со побратимот, да си го видиме касметот — одговори Толе и ја погледа од глава до пети. — Ти шо правиш, како a помина зимата?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Имам сестра малечка име ѝ е Јана, од глава до пети без ни една мана.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Планот нѐ восхити и нѐ возбуди до петите. Митре, Ѓеле и Калчо заминаа, а ние зафативме да собираме камење низ трапот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во саботата се плете невестата со гајтани, се реди со разни решмиња, монистра, ѕрнѕурки одзади по грбот, од тилот до пети, отспреди — од ушите до прстите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред мене стоеше убав маж, стокмен глава до пети, кој како штотуку да излегол од некоја бизнис средба.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)