до (предл.) - утро (имн.)

Го знаеш пократкиот пат до утрото, само сврти десно од погледот па лево од паметот. Тука сме. Веднаш до знакот „не проаѓа“.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Јас дремев крај нозете на Ели до утрото. Вера не склопи око.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ако со бурекот си го поделил и срцето на пола, па таа една дропка од органот си му ја подарила засекогаш, а вечноста тогаш траела неколку месеци плус еден дочек на Нова година, што значи до утро, тоа не е за заборавање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Молчеа така со поглед одпредметувајќи ги облиците, наслушнувајќи ја стварноста, сѐ до утрото. Во мугрите излегоа од дувлото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Децата весело извикаа...! Ураа! Ураа! Ураа! Ова е принцезата наша што очи боди, а по нејзе принцот, на бел коњ ќе оди, решивме денес круна да ѝ ставиме, и до утро журка ќе си правиме...!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Петок Јуни Животот е забава која не смее да се пропушти, а забавите, вистинските забави, траат до доцна, до доцна во ноќта, дури до утрото, а утрото се буди уморно од долгата непроспиена ноќ.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)