до (предл.) - бел (прид.)

По тој пат вела Јован дошол и до бела Бојана за која Колобан, ете, го пизми и раат е оти тој сега не е тука.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Лист по лист грам по грам во муграта видов нов наркоман од темни зори трава тој витка до бели мугри жарчиња џитка
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
1. Скриен во сонет како во сонот, Римуван, а неразбран, На пусија дочекан, гонет Од стин и троглави змии, Занесен, во сонот изгубен, сет Изѕемнет, поцрнет од рими, Од своите луди посестрими И од аждери- ѕверки, душодерки; Сонет, недосонет, буден Слуден и студен од мори, Сосема сам, над димни гори, Фатен во тешко оро Со студот и со зборот, Од темни ноќи, до бели зори.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
- До белиот свет? – Изгргори грлото мечкино – Значи, ги барате белите мечки, така ли?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Можеби светлината не ќе се врати, но излезот до белиот свет е тука некаде.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Светски патник, велам, кој превезува стока до белиот свет.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Зар не сте виделе мечка! – Одговори Дедо Мраз, исто како и тие, нестрпливо да дојде до белото животно. – Мечкава е првиот знак дека сме близу до светот што го бараме.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Добро, да речеме дека повеќе се плашам одошто ги мразам, но тоа е така, и ќе остане така.“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А што се однесува до Белиот корпус во него не одам!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Иван Степанович, во војна можат да заминуваат само оние кои ги сакаат војните. А јас ги мразам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)