до (предл.) - половина (прил.)

Уште до половината година ги научи сите букви, а веќе за броење и сметање знаеше до сто и турски, та дури и грчки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Слабо извишено момче, со куси широки панталони, рамно потшишани шишки кои допираа до половина чело и окрукли очиња како џамлии.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Повторно пркосејќи му на гласот, Даниел ја крена чашката, но сега ја испразни само до половина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Наоколу, освен куп земја, стојат расфрлени алати, штици, испотени алишта, некое до половина полно шише со вода, празна кутија цигари.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И ден-денес се сеќавам на сѐ: на мирисот на нејзиното црно трико, во кое изгледаше величествено; се сеќавам дека трикото беше отворено токму кај стомакот, и јас за првпат во животот го видов папокот на Луција, нешто што потем ме прогонуваше цел живот и ми раѓаше сосема чудни и не сосем јасни телесни желби; се сеќавам на мирисот на нејзината коса, фатена во опашка што ѝ паѓаше речиси до половината (мирисаше на цимет), коса што додека ја поткревав ме галеше по лицето; се сеќавам и на полуиспотените раце со кои ме фати околу вратот кога доскокнуваше, што беше сосема непотребно движење од нејзина страна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Очите ѝ беа поубави од кога и да е; косата ѝ паѓаше до половината; беше седната на кејот до мене, сосема нестварна; ми беше на самиот дофат од раката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А така и се случило. Не го донеле ни до половина кула и веќе закрцкало, коскената крепост се ниша.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Уште малку до половината, и неговите распалени мечти можеа јасно да го замислат нејзиното сладосно мрморење како на мачка, нејзиното предење.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мече весело стана, го погледа со гордост своето дело и наеднаш му текна да го испроба: од долниот отвор му сипа вода до половина, по тоа го стави чамовото дрвце во цевката, го притисна силно и тенка, остра струјка вода блисна далеку нагоре.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Надвор дуваше ветер. Слабата светлина од борината ставена во еден тас над огништето, одвај успеваше да ја осветли одајата некаде до половината, така што снаата ја криеше мракот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Шестото навистина го испи малку побавно, но никој тоа не го забележа, на седмото виде само Трајанка и ѝ затупка срцето што ќе излезе победник, на осмото децата почнаа да му се смеат дека не може ни колку едно женско да биде јунак, на деветтото одвај го качуваше ридот а кога дојде до половината на десеттото, којзнае како стана, но се закашла и не го допи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сите мислат на топот што може, до половина, да ја дупне земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)