до (предл.) - кај (сврз.)

Не знаеш и до кај си жива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знаеш ни до кај студи, ни дали има повеќе од тоа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
До кај што ми досега погледот гледам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само цвилам и вртам натесно со главата, го касам до кај што можам да досегнам. Борба за живот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секаде, до кај што ќе поминеше, си мислам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знаеш ни што горело тука, ни до кај можело да свети... Пустелија...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сум знаела до кај може да падне човекот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Погледот ти стасува до кај што ти стасува и плуканицата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Значи мракот е само над луѓето, до кај што држат буките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се изукаат и ќе се опулат нагоре дали иде ручекот и до кај дошло сонцето. И јас што ќе правам, нема да се тепам, си го терам редот пред себе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не се догледуваат оти се во душата, а душата е секаде до кај што стасува умот. „Ако тревата мрда, а ветер нема, има нешто друго што не се гледа.“ Така велеше Лазор Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)