за (предл.) - четири (бр.)

Тој многу се восхитувал на прозното дело на Гете, „Страданијата на младиот Вертер“ (кое истиот го напишал само за четири седмици оти постапил според природата во себе).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Свечената посветена вечера е локација за четирите насловни лика која не се разликува од едно воено поле со биолошки зададени правила.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И кога купуваше штоф за одело секогаш говореше, божем се шегува „за четири сезони“.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со едно исто одело одеше - лете, зиме, пролет, есен - сѐ додека не го заменеше со друго.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Додека одев кон своето место, го уловив погледот на Луција: таа насетуваше некаква крупна промена кај мене, оти никогаш порано јас немав задоцнето, ниту пак разговарав со таков циничен, препотентен тон со некој наставник; ме гледаше од ниско, и јас знаев дека меѓу нас е готово, дека мојот циркус е посилен од нејзината Партија; од друга страна, покрај неиздржливата болка дека ја губам, дека поминувам во еден друг свет, дека се реинкарнирам уште при живот, чувствував една неподнослива леснотија на постоењето, една слобода која ме опиваше: јас го имав, наспроти овој дисциплиниран клас, мојот циркус, и мојата Ина, со која за една ноќ бев полбизок одошто со Луција за четири години.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Крајната цел со градбата на каналот беше да се скрати за четири илјади километри патот помеѓу Санкт Петерсбург и Биеломорск.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А стопанот е индиферентен – се прави недоветен. – Должни сте – вели – за четирите изедени парчиња толку и толку.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Како – велам – за четирите? Кога четвртото парче е во чинијата. – Не, – одговара – иако е во чинијата, гризнато е и згмечено е со прст.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се разбира, се собра народ. Експерти. Едните велат – гризнато е, другите – не е гризнато.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А јас ги превртив џебовите – бездруго, разни дребулии се истркалаа наземи – народот да пукне од смеа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ние седнавме во салата. Ја догледавме операта. И право дома.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пребројувам – до пара за четири парчиња. Господе, бадијала сум се карал.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)