за (предл.) - некого (зам.)

Се зборува за некого што не го направил тој — измислица беглик — данок на овците и козите безбеле — сигурно безердиса — јадоса (Душата ми безердиса — душата ми е потаоната од јад) безир су — тешко ми е, не можам да направам нешто што сакам бендене — најарно, најубаво, екстра биала — врста шајачни чорапи било — греда во куќа (горно и долно било) бамбаша — полковник.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оставајќи на времето, тоа да го даде одговорот, велеа Ако се врати некогаш да си ја земе Драганка, значи е трговец, но ако не се врати по неа, то ест ако ја остави, зашто не е крвна рода Јанческа, да се омажи за некого од нивните, значи дека бил ајдутин и дека ги оставил коските некаде по планињето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако е сама, и таа ќе копнее, не како него, лошо и налудничаво, зашто тој старее а таа има седумнаесет години, ќе копнее убаво и жаловито како ластовица, и не за некого, зашто нема приличен пред нејзината младост, а така сама од себе дека е толку чудно убава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
За некого тоа може да биде закопување на живо, за друг смрт со запалување, или со давење, или со набивање на колец, или педесет други видови умирања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За некого изрод, за некого бабаит. Нели така, кадијо ефенди?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Овие забележувања за некого надвор од нашиот круг се многу ретки, на почетокот може и единствени.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Тој настапува за некого порано, за некого подоцна, но отприлика некаде по дванаесеттата година од животот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Гаќи, можеби ќе речете, но за некого тоа беше живот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
За мене е достатно кога организацијата ќе рече за некого дека е предавник.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Никој не влегува во селото, никој не излегува. Барем некој да влезе, да праша за некого, да го прашаме за нешто, да се чуеме. 80
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)