за (предл.) - ништо (зам.)

Полната политичка слобода не чини за ништо, ако еден човек не сознава оти неговиот човечки долг, неговиот долг пред својата татковина и својот народ е: труд, труд и пак труд.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
145. Во случајов Мисирков неправилно ги идентификува народите со феудалните владетели, зашто тие договори не се правени помеѓу народите, коишто никој и никогаш за ништо не ги прашувал, туку помеѓу суверените од разните држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше бескрупулозен. Никогаш за ништо не ме прашуваше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Смешно е што сме смешни, вели, смешно е што се смееме за ништо...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Не сум за ништо, велам, ко да сум надвор исфрлена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За ништо да се осигурам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не, ко некој што те запира на вечера, кој за ништо живо не сака да те пушти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ да се држи за мене, а јас за ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вистинското пријателство е шепот на душата, ништо не може да го замени, за ништо не се дава, доаѓа само.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
НЕДА: Таа за ништо не се распрашува и... и јас не би можела да поверувам дека би го сторила тоа против мене...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Терасата на ресторанот неочекувано се отвораше накај Јадранот, кој тука ненадејно се појавуваше сред градот, на место каде што човек најмалку би можел да го очекува, зашто тој впечатлив син блесок не користеше за ништо друго освен за да му го збогати шаренилото на боите на пазарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најубава и колку што е можно понереална приказна, од која ќе ги заборавам родољубивите и противречните лаги од овие неколку весници што ги купив токму на брегов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Гадна уста на гадна глава. Изменет е. За ништо непотеглив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тешко е само кога се страда за ништо, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си шепотам така, се молам. Ум немам за ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама за што можеше да жали Мирче тогаш? За ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дејан немаше жал за ништо. Во лутината и татка си не си го познаваше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А Јон, не праша за децата, Велико, ми велат жените. - Не ме праша, велам, за ништо не праша. 180
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А кај уста ти се отвора, кога за ништо не ти повтува душата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Отец Висарион одеше напред и за ништо не се противеше. Ја прејдовме мртвицата и запревме во нивата зад врбите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не прашувајте ме повеќе за ништо, вели, повеќе не сум војвода, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)