за (предл.) - секого (зам.)

Куќите на нашите Мариовци се отворени секогаш и за секого.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ловиштето го покриваа со веленце и тивко, за да не ги возбудат врапците, за секого од домаќинството уловуваа по еден.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Уловените, врапци ги гнетеа в пазуви и со среќниот улов се враќаа дома.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некои, кои не држеа многу до постот, скршнуваа во водата и јајца, за секого од домаќинството по едно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но за секого постои по нешто неподносливо - нешто за што не може ни да се помисли.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Коте го зеде сомунот и открши по едно парче за секого.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Моето трето око е осветлено и се чувствувам убаво, бескрајно среќен, како да сум на Екстази, се чувствувам толку среќен што тоа морам да го поделам со вас, сакам да ви кажам сѐ, сакам да знаете сѐ за мене.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сакам да ви раскажам сѐ за секого што сум сакал во животот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И знаеше: алкохолот под неговото теме смислува чемер за секого што може нему да му биде чемер.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Односите биле такви што за секого било јасно дека потоците крв на нашиот народ нема да трогнат никоја од големите сили никоја од нив нема да застане цврсто на негова страна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Работеа во Грција, градеа некаков санаториум крај маслинките на едни стари гробишта, подалеку од градот, ѕидаа повеќе зданија, а оној работеше на сонцето од сите тие денови, ги дигаше како од шега сите оние огромни блокови делкан камен, а неговата црвена коса како да расцутуваше на сонцето на тоа лето, беше постојано среќен и широко насмеан, со сите нив околу себе, со сите ѕидари и со сите деца, секогаш готов да стори нешто за секого од нив со оние огромни пегави и црвено издамчени рачишта да им помогне, а при тоа и да им се насмее со она свое големо лице, на кое постојано зрееше едно огромно задоволство со себеси и со сите други доста поситни од него луѓе, што се грижеа за него и што го слушаа со задоволство како труби неговиот глас меѓу ѕидовите, среќни со неговата момчешки несмасна шега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Влегуваат во кафеаната на Јандро, ги запоседнуваат сите маси и столови, се точи, се пие, нарачува Лоте за секого, клокоти и одѕвива кафеаната од песни, од свирки, напнува од викот просторот внатре и, се чини, секој миг ќе пукне како меур; им наздравува Лоте на сите, му наздравуваат тие нему; станува, и мавта со рацете на музиката, и дава знак кај треба посилно, а кај треба потивко да свири, го следат свирачите под такт, го следат луѓето: му се пулат в очи, в уста и ги сливаат гласовите како речни брзаци во една заеничка утока, во една единствена мелодија што се шири полека, плавно.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
6. ШТОМ СИ ОВЦА И СЕКОЈ ЌЕ ТЕ СТРИЖИ - ќе има ли за секого бар дветри влакна волна?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Варуна е твојот спасител сега Нека не бега самосвеста од твоето измачено тело Не е нова веста дека ништо не е сосема бело Митра ти што правдини делиш за секого исто Биди ми водич на моето несвесно Јас Ти кој ја познаваш магијата на духот Во дослух со мојот ум Всади ми почит Во очи со вистината
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
За секого везирот докладуваше: – Граф Никола Црепковиќ, пратеник на KB кралица Изабела од Ердељ – го претстави везирот Изабелиниот пратеник кој му донесе непријатен глас дека нејзиниот намесник фратар Георги се спогодува со крал Фердинанд да се отцепи Ердељ од султановата држава и да се присоедини кон Фердинандовата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За секого поинаку е чкртнато кај Господ!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во широкото срце Дедомразовско има место за секого.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
За секого има место за работа, според способностите.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тогаш Младотурците рекоа дека слобода носат за секого, комитите нека си се вратат по дома: да живееме сите братски и во слога.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И одат од кревет до кревет, од човек до човек. За секого прашуваат по нешто. Ние не разбираме што прашуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)