за (предл.) - адвокатура (имн.)

7.  Со носењето на законите за работни односи и нивните перманентни рогации во време на транзицијата, со полно право може да се констатира дека најдрастични и, се чини, најмалициозни и систематски, скратувања на правата на работниците имаше кај оние кои, по сила на околностите, останаа „технолошки вишок“ (целиот законски назив кај овие непопуларни, колективни и масовни отпуштања од работа е отказ од деловни причини заради технолошки, економски, организациони и/или слични промени поради кои престанува потребата од вршење на определена работа) – при што треба да се истакне дека станува збор за доста важно прашање, особено за македонски прилики.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имаше само неколку генерални настани од животот на Татко, кои не беа ставени под неговото необично ембарго: причините ненадејно да замине од родниот Подградец крај Охридското Езеро во Цариград, преку Солун по морски пат до Измир, неговите студии првин по шеријатско, а потоа по модерно право и исламска филозофија, враќањето во Поградец по завршените студии со факултетската диплома и лиценцата за адвокатура, работата како судија и адвокат во монархиска Албанија, напуштањето на Поградец во 1941 години бегајќи од фашизмот од својата окупирана земја, емигрирањето во Македонија и потоа приемот на југословенското државјанство, работата во еден од скопските повоени судови, работата во Националниот институт во Скопје, откривањето на битолските кадиски сиџили (ХVI-ХIХ век) и работата врз нивното средување и преведување до пензионирањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Испратнината се исплатува со денот на престанокот на работниот однос, а барањето т.е. давањето согласност за откажување од правото на испратнина од страна на работодавачот, односно од страна на работникот се ништовни! (чл. 97, ЗРО). 8.  Адвокатската тарифа кај нас, согласно Законот за адвокатура (2002), ја носи Собранието на Адвокатската комора на РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според актуелниот ЗРО – работодавачот, пред да го откаже договорот за вработување од деловни причини, може на работникот да му понуди: 1) вработување кај друг работодавач без огласување, со преземање и склучување договор за вработување за вршење на работи кои одговараат на неговата стручна подго- товка, односно квалификација; 2) стручно оспособување – обука, 286 преквалификација или доквалификација за работа кај истиот или кај друг работодавач; или 3) нов договор за вработување [пред от- каз] (чл. 96, ст.1, т.1-3 од ЗРО). A, пак, во случај на прогласување за технолошки вишок, работодавачот е должен на работникот да му исплати испратнина – како негово неотповикливо право, и тоа според следниве критериуми: а) до 5 години поминати во работен однос = во висина од една нето-плата; б) од 5 до 10 години работен однос = две нето-плати; в) од 10 до 15 год. = три плати; г) од 15 до 20 год. = четири плати; д) од 20 до 25 год. = пет плати и 6) над 25 год. = шест плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)