за (предл.) - арно (имн.)

- Бургиба е сменет! - Ако, синко. Само да е за арно - Не разбирам! Како за арно?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Та така и јас, кога со прстот проаѓам по букви непознати, ја чувствувам нивната топлина и светлината нивна ја гледам, оти секоја топлина има и своја боја, и знам дали записот говори за студено или за топло, за мрачно или за светло, за арно или за зло.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ноќе, го викаат, не е за арно. Сепак, се огласува. Кој си? Што сакаш? И сѐ така, како што е ред на село.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Готово. Да, готово. Кучињата секако не се за арно на овој свет.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во себе си велеше: само нека е за арно!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За секое крштевање, венчавање, закопување, пеење вода, кревање леб, за секое причестување и за сѐ поп викавме од Сапотница. И за арно и за лошо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)