за (предл.) - бог (имн.)

Таинот им се зголемуваше и со тоа добиваа повеќе сили да издржат докрај. – Уште има луѓе за бога – велеше Јован Сирмев кога во Воден им дадоа по два сомуна и по парче сирење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Живеејќи далеку од секоја писменост и веронаука, религиозни проповеди, а сепак знаеја и сѐ за Бог, Божјите Закони, Десетте Божји заповеди, за принципите на живеење согласно Бог.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Така го прочитав првпат и записот за богот што слегол од небото и сотворил сѐ на земјава, иако никогаш не сум знаел ниту една буква од тоа писмо на штичката што говори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
МАНОИЛ: Смилувај се за бога! Смилувај се!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)