за (предл.) - бричење (имн.)

Кога во живеачката надоаѓа сиромаштијата широко зинуваат устите за мали залаци и погледите на луѓето папсуваат како оној на селанката од Пустец од чиј врзоп денеска никој не купи ништо - барем едно сунѓерче за миење садови, едно шише маслинов зејтин, една паста за бричење.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Дики (Претура по фиоките): Два пластиканца (ги покажува), две јапонски куглици, вештачки гради и еден вибратор со брзини!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Има и електрична машинка за бричење! Би можел да се избричам!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дебелото стакло на очилата, дискретниот лосион за бричење, безличната насмевка.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Отворањето на фиоките е рамно на отчкринувањето на волшебна кутија: смекнатата браон банана меѓу копчињата, виљушката до моливот, тој до кремата за бричење.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Ножиња за бричење во неа држев па реков да ти ја донесам. Можеби ќе ја сакаш, а?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)