за (предл.) - влакно (имн.)

За влакно сум измрдала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Имал среќа“ се велеше и за некој кој за влакно ја одбегнал смртта, не затоа што бил добар човек кој вредело да поживее, не затоа што на време закочил, или затоа што не се колебал да повика пожарна, туку затоа што бил следен од тој невидлив дух кој му го покажувал патот, оној истиот кој ни става чадор во торбата кога почнува да врне, кој го отвора зеленото светло кога брзаме, кој прави на улица да се судриме со луѓето кои сакаме да ги видиме а да одбегнеме други, кој со нашата рака ги влече правилните животни потези, со еден збор, кој ни помага сѐ да биде како што треба.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Се позатаи малку да види дали уште ќе ја штрека половината и крстот и бидејќи сети леснина, се обрна кон Митра со наивен детински поглед и полна доверба како кон своја мајка или сестра: — Да е видел господ, слепела, сестрице Митро, ошче за влакно ќеше да скрша глава. Boa ти било проклетија од господ на жените, сестричко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И додека не успеваше ни да си поверува во таа своја мисла, неговото тело наеднаш се најде опсукано и цврсто стегнато во змискиот допир на онаа незаборавна слика кога забот просвире за влакно веднаш над неговото колено, и сиот се изви.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но Билјана не престануваше секогаш да ми кажува дека за малку, за влакно, за влакненце ќе добиела петка, ама не добила.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Одамна отрпнати на ветерници во душите си ја носиме во зборовите и болката, и името, секогаш макар за влакно пред стрвот на ограбувачите на умни мисли и набабрени ѕвезди.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Помолче така и загледан во бетонот под себе, рече: „Абре“, рече како за себе, „убаво е што некои луѓе можат да одат по местата, ама каде да одиш, од себе онака ни за влакно не можеш да се поместиш„.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој не чекаше, тој сега ја нанишани така добро, што притоа цевката не му потрепери ни за влакно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)