за (предл.) - војник (имн.)

Се знае ли што не ќе измисли војник во првите бојни редови, чекајќи ја смртта секој момент? Ho по едно време оваа цуцка се претвори во вистинска стапица за војниците од двете страни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Е, тоа е судбина на жена мажена за војник. - Се насмеа Јана, тешејќи ја Снеже.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некои од нив, навистина остануваа во Дворецот како стража, некои султанот ги праќаше за војници по тврдините, за три, до четири аспри на ден.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така, со пеење им кажувам за војниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Значи приказната за војникот на бел коњ почна во последните денови на југословенското кралство, во 1941, и заврши веќе во почетокот на идната година. Траеше значи помалку од една година.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ќе се најдев неочекувано во таа приказна час ми се чинеше дека станува збор за еден ктаток миг, час ќе се издолжеше тоа мое присуство во приказнава цела една вечност, а кога гледам на времето како на денови подредени еден зад друг како да станува збор за поминување низ животот и секое подзастанување претставуваше нов детаљ што отвора нова врата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ќе ѝ ги спомнев на Таша приказниве што ги имав слушнато за војникот и белиот коњ таа ниту ќе потврдеше, ниту ќе одречеше. Само очите ќе ѝ потемнеа. Ќе одмавнеше и со раката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Останував со впечаток дека таа се плаши оти сакам да ја вратам во некој сокак од кој веќе беше излегла.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Така сакаше таа Марјанти на која ѝ се чинеше дека сме пораснале за војници...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)