за (предл.) - дејствување (имн.)

Макар што долго време минав на подготовките во СИП, како и во воената школа во Бањица кај Белград, бев свесен дека нема никакви рецепти за дејствување, за снаоѓање во вакви ситуации.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Карев го водеше состанокот. Со крената глава, издадена остра брада напред, викаше давајќи упатства за дејствување.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Дома се вратив сит, задоволен и наострен за дејствување.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А што било? Јас можев веќе да ја заокружам приказната: Во ноември 1944 година, кога почнува посистематско собирање на таканаречените отпадници од народот, соработници со окупаторот, квислинзи, воени богаташи, кулаци и слично, за Борко Угрин се отворило ново поле за дејствување.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)