за (предл.) - дома (имн.)

Цела година не се видовме. И покрај сѐ што видел и доживеал таму, имало моменти кога му било многу тешко и го фаќала носталгија за дома.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
ТЕОДОС: На земја ли да седам?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Па... Да седнеме... Ама... (На Поцко.) За дома збор повеќе да нема!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Беше планински чај, Змејко летоска го имаше брано по висовите и камењарите над рудините уште нераспупен, го береше за дома, но секогаш остануваше и тука по некоја китка да се најде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Напуштија. Како и сите други војски на кралството, и тие ја фатија тенката патичка за дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Клучот - како нешто најскапо, како потврда дека и јас сум слободен, самостоен, способен да се грижам и за себе, и за домата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На големиот одмор се распрашувавме за него, но никој ништо не знаеше да ни рече.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога и другиот ден Љупчо не дојде на училиште, се вознемиривме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Наеднаш почувствував дека таква храна не сум јадела одамна и си спомнав за дома.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тие јадеа пченкарен леб, сирење и кромид.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)