за (предл.) - животно (имн.)

Сега посебно место во библиотеката заземаше книгата на Аристотел за животните, во која најмногу го пленеше студијата за јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На овој, како и на бројни други примери, од процесуалното нижење на 92 изложени биографии во првиот долгометражен филм „The falls“, до документарните наоди за животните или за колективниот африкански обред во филмот „ZOO“, стварноста станува интензивен феномен внатре во вештачката претстава.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Следната сцена што ми ја прераскажа пријателката која го фотографираше приемот, беше како двајца од службата за животно здравје, го одвеле Давид во лудачка кошула, под изговор дека „на кутриот, од неодамна душевно болен, почнале да му попуштаат конците на трпението”, а евидентен доказ за тоа била „запенетата уста која е единствен и непобитен доказ за беснило”.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
ЗОО речиси целосно им е „посветен“ на животните: во рамките на неговата колажна сценографија се појавуваат на пр. логоа на фирми што употребуваат животни (Камел, Самсон), видеоснимки и филмови за животни, цела митологија врзана за нив (Леда и Лебедот), а најмногу нивното физичко распаѓање (додека во ДАВЕЊЕТО ПО БРОЕВИ се појавуваат убиени животни).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како да се грижиме за животните и птиците во зимски услови, како да се постапува, а при тоа дадоа податоци дека на Водно биле уништени - од несоодветни непознати сторители - тотално биле уништени хранилиштата и солиштата за дивеч и куќички за птици - кримилници за птици, направени и поставени од малкуте вработени во Парк-шумата Водно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Екологистичкото инсистирање врз избегнувањето на страдањето може да е вистинито кога станува збор за животните, за коишто можеме да речеме дека се придвижени со инстинктот за самоодржување; но, кога станува збор за луѓето, важи спротивното - како суштества на јазикот тие битно се означени со силата на самоуништувањето, т.е. со нагонот на смртта.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)