за (предл.) - зло (имн.)

Та така и јас, кога со прстот проаѓам по букви непознати, ја чувствувам нивната топлина и светлината нивна ја гледам, оти секоја топлина има и своја боја, и знам дали записот говори за студено или за топло, за мрачно или за светло, за арно или за зло.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако се работеше за чумата, таа црна гостинка што везден ја носеа од истокот и Стамбол, туку си шараше без престан низ Скопје, час во едно, час во друго маало, и додека не збувнеше наеднаш насекаде ја сметаа за зло што се совладува.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Слушаше како кај комшијата вратата се отвораше; како го изведуваа и втеруваа; како викаа на него, го псуеја, ги слушаше како плуштеа камшиците и како тој сиромав стенкаше и псуеше мајка, вера, жена, деца и на султан и на валија, и на кадија, кајмакам и на сите Турци. Но не се јавуваше ни за добро ни за зло.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа ги молам сите живи а на умрените — нивните потомци, да не го земаат за зло и навреда ако се прикажани како негативни личности.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Никому не враќајте зло за зло. Трудете се да живеете во мир со сите луѓе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оттогаш Аврам, повеќе не мораше да размислува за тежината на зборот, за хировитите заповеди, за злото на стореното, за мачнината од покајувањата, за сквернавењата на телото, за доживувањето на болката ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кому би му зеле за зло ако на тоа недоверливо одмавне со главата?...“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кој ти ги слуша скаските за војната, за борбата, за затворите и немаштијата, за верба во партијата, за револуцијата, за резолуцијата, за вербата во човекот, во иднината и за злото на сегашноста?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)