за (предл.) - излегување (имн.)

И сега, кога Паско Бачо, возач во пензија, веќе облечен за излегување навечер кон продавничињата кај мостот, во кошула со цртежи од австралиската фауна што некој роднина му ја пратил од Волонгонг, сега кога Паско оптегнат со стомакот напред рече дека широко е почнато копањето, Жабе зина и само рече: „Многу широко“, и пак почна да џвака.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога се покажав на вратата од дневната соба, ја здогледав Гала седната на тапацираното столче пред големото тоалетно огледало, со двете раце кренати над глава бидејќи очигледно си ја дотеруваше фризурата, широките ракави од бањарката паднати до над лактите, со нозете пред неа расчекорени и голи, задникот ширнат по тоа тапацираното столче како предојдено тесто, косата развеана преку рамената и по плеќите. Сигурно се готвеше за излегување.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зар и одовде имало врати за излегување?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Насреде, за излегување на балконот, двокрилна врата со стакла.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Едноставно ќе ги спакува своите работи, можеби дури ни тоа, по ѓаволите со тоа, можеби само ќе се облече во облека за излегување, ќе ги закопча копчињата затвори дрикерите повлече патентите и ќе ги остави клучевите во кутијата за експрес чекирање, тоа е за нив, всушност, господинот и госпоѓата Платено Однапред, или дури ни тоа, ќе го уфрли клучот во кое било патемно поштенско сандаче, повратната поштарина е загарантирана, по ѓаволите со тоа, време е да се тргне.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Така прави секогаш кога се подготвува за излегување.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Луѓето излегуваа како од конференција: мажите веќе олабавувајќи ги вратоврските за да ги одглават штом ќе излезат и да ги испопикаат по џебовите, пред да седнат во маалската меана на вечерна партија табла, карти или домино; жените одолжувајќи го моментот кога нерадо ќе се приберат дома да ги заменат фустаните за излегување со престилки во кујните.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Заедно со ова трагикомично привидение низ мојата фантазија протрчуваа и оние други слики и дребулии што обично се јавуваат додека жените ни објаснуваат со какви тешкотии биле поврзани нивните подготовки за излегување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дотеран како за излегување а легнат на грб. И гологлав.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Балканот, Солун, прагот за влегување и за излегување од Европа, е простор што не го одминаа и последните светски судири.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)