за (предл.) - кревање (имн.)

Кога се бориме, со два прста може да ме фрли далеку, а за кревање во воздух - да не зборуваме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
13. Веројатно се мисли на Промеморијата на Русија и Австро-Унгарија од 15.9.1903 год. што била испратена не само до потписничките на Берлинскиот договор, туку и до турската и до бугарската влада, бидејќи последниве всушност го спречувале исполнувањето на Февруарските реформи, па дури се обвинувале дека придонесле за кревањето на Востанието во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)