за (предл.) - манастир (имн.)

Волкот изеде ждребиња, телиња, јагниња, јариња — како секоја година и секаде, но Стале го искористи овој материјал и помогнат од вдовицата Трна ги наплаши селаните да почнат со подготовките за манастирот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сите веќили од селата располагаа со собраните дарови за манастирот и даваа по нешто во општата Сталева ќесија, а таа од ден на ден се полнеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога најпосле на Трна ѝ се разболе и последната надеж, Пецето, — тој побрза да ја исплаши дека свети Илија толку се разлутил на неа што не ја дава нивата за манастир, та ете и последното пиленце ќе и го прибере.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Дури има домаќини луѓе, како што се Весковци во Мелница, Чешелковци, Бојовци, Рошковци во Полчишта, Влајковци, Милошовци, Билјаровци, Шишевци, Сукаловци во Витолишча, Врглевци, Коруновци и други во Бешишта, пари ли не ќе најде Стале за манастир?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ним позгодно, а и за манастирот приход.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И неможејќи да ја издржи болката од жал за манастирот, отец Никодим го напуштил игуменството и се затворил во испосничка ќелија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Така седум години провел во ќелијата додека не му озгорело срцето од жал за манастирот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не сонував: долгата абердарка му даваше сила да се чувствува голем и силен и да се смета за вистински челник на дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мустаќите му беа машки кренати, одвоени од горната усна, на рамениците можеше да му се постави темел за манастирче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тргна по селата да проси милостина за манастирот Трескавец и дури ги ишета овие села по ново Мариово, веќе дојде и денот Богородица, панаѓур на Старавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Најнапред да слушнеме што подготвиле за манастирот членовите на историската секција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Чекајте, заборавив, треба да се подготви текст за манастирот Свети Пантелеј во Горно Нерези, за походот со другарите од Батинци. Како порано не се сетив?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)