за (предл.) - мев (имн.)

- Нема ништо, велам, и се држам за мевот, се чепатам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се фаќа за очи, за мев, си ја затвора раната и подзинува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некои се смеат, се мочаат од смеење, некои само се виткаат и се држат за мевот, под папокот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кога најпосле Дукле дефинитивно одлучи да ја остави, таа, се пофати за мевот и му рече радосно: - Трудна сум... Дуклета радост го облеа, се возбуди.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дукле леташе од радост; постојано ја пофаќаше за мевот, наслушнуваше со ушето и проверуваше како расте плодот, како напредува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Држејќи се за мевот, вјасаница потскокнува и го снемува во бараката.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)