за (предл.) - миг (имн.)

Има право, заклучувам и за миг овој чин меѓусебно уништување го доживувам како голема претстава во која мојата улога избива во главна.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
За миг од дебелата ладовина се разнесува песната: „Горо ле, горо зелена, имаш ли вода студена, да дојдам да се напијам.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
За миг писнува гајдата. Комитите се фаќаат за рамената.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Имам чувство дека расказите на Марта ме извлекоа од тој моќен вител барем за миг.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Марк, беше лек за секоја женска болест, само требаше да замижите и да си го повикате името Марк во вашите мисли и тој за миг ќе се отелотвори пред вас.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
ВО ИСТАНБУЛ има многу знаменитости и интересности, па во градот на Босфор, времето лета и денот минува за миг; чиниш штотуку се разденило, а веќе гледаш дека се палат неонските светла.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нејзиниот поглед само за миг ја фиксира оваа слика: на крајната масичка до излезот седи старица, од глава до петици закукулена во црно - да, тоа е бабата што одвај ја качија на авион во Истанбул.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Младата наставничка понекогаш ќе се загледаше преку прозорецот, од каде што наѕираа гранки и низ нив сино небо, и како да се загубуваше сета отсутна за миг, -на усните ќе ѝ се јави една толку лека и толку занесена усмевка, што мене просто ме принудува да ја следам и внатрешно да учествувам во неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
За миг аскерите прснаа да бегаат надолу низ папратта, оставајќи го онбашијата, Трајка, Ташка и еден војник да клоцаат и да се валкаат во тињата под чешмичето, да стенкаат со забите, сега тие, како преѓеска Јован.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Тој е, кој ќе биде друг. Толе со дружината — објасни останатиот селанец, Стојан Мегленецот, и испратија двајца од аскерите да сторат абер во Витолиште на мулазимот и мудурот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На една од своите трпези, со десетици имиња на монаси издлабени врз трпезата, во зографскиот манастир на Света Гора, седат монасите, дрвена паница велигденска чорба и бокалче црно вино пред секого и откако ќе ги испеат сите молитви и удри камбаната за да ги здружи морето и ѕвездите на прозорецот болснува секавица колку за миг да се види сенката Исусова додека воскреснува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Дејв го погледна за миг, потврдувајќи дека појавата на Ренди не беше ни сон ни бунило.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но, Питу не го збодна коњот. Разбранувано се спушти, ги рашири рацете и за миг се слеа сѐ во една прегратка: и тој и жената, и детето и коњот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зад него, за миг се најде келнерот Велко, држејќи го во едната рака коланот со сабјата, а во другата капата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сѐ што им помагаше да заборават и да избегаат, макар и за миг само, од тешката и сурова стварност на аргатскиот живот, тие го примаа со благодарност.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го загледа налутено Андона и, прекинувајќи го за миг свирењето, му рече: - Мрдни се бре, ут ниеден... - пак го бутна со лактот во ребрата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Господарот брзо се сврти. Неговиот поглед крвнички се впи во Аргир и како со клинец го пронижа. Но само за миг.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како да извираше и како да се креваше од бистрата, мирна езерска вода со безброј чисти, светли души - утрото заигра во воздухот, се крена над стариот град, стегнат од сите страни со дебели ѕидови за миг го искапи, го осветли и го оживеа со својот трепетен сјај.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За миг лицето му се разведри.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Денко застана за миг. Во папратот крај патот забележа крупни црвени јаготки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Додека ја смируваше својата лутина, збивајќи го острото сечило во телото на Јурукот, некаква далечна, избледена слика, или одглас на некаков разговор, за миг му прелета низ главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан за миг успеа да забележи сѐ: висока, русокоса, со коњско опавче, шарена маица, сини панталони, бели патики.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Караман, Стрела, кути, кути, нааа! - викна момченцето, а за миг потоа се разнесе негде зад плевната весело квичење и две топчести, рунтави суштества, едното бело, другото сиво, се свалкаа кон него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Па така првиот налет на тоа ноќно завивање за миг го прекина неговиот сон, за миг ги затегна неговите мускули и го стави во состојба на полна готовност пред оваа страшна опасност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Околу пладне, кога сонцето беше највисоко на небото и кога горниот слој на снегот малку беше омекнат од неговите зраци, Бојан презеде потфат во чиј успех ни за миг не поверува, но нешто однатре, појако од неговиот чист разум, го гонеше во обид да ја провери таа своја замисла.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Слика на култура. Наводно. Целиот свет се сврте за миг. Наопаку.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Никогаш нема да разбере никој, какво е тоа чудо што слухот за човечност за миг го умира, релативна е само глупоста на мигот и стихот кој таа сага за неповрат ја опишува.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
- Јас малку поиграв со твоето куче и, како што ти ветив, еве, го враќам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Влегов во авионот и за миг се најдов високо, под самото сонце.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
За миг стана свесен за своето бреме од обврски и одговорности.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Низ треперливиот дожд нејзините збунети очи за миг се задржаа на розовиот флокс, потоа се свртеа кон високите сини ралици и потоа се спуштија на жолтото ритче од маргаритки.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа замолча за миг за да дозволи ова да мине низ нејзиното постоење, и потоа го почувствува на себе притисокот од неговите цврсти прсти, само за миг, како да настапи принуден грч.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога беше само на неколку метри од неа, четирите шепи престанаа да се вртат и неговите очи за миг се загледаа во неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беспризорните ја видоа опасноста веднаш и за миг го напуштија боиштето оставајќи ги зад себе претепаните деца.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Човечкиот ум На Еразмо за миг му се пристори дека го слуша рикањето на бикот Чако.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Врвеа, врвеа и само за миг свртуваа глава колку за да видат дали зад нив има живи и дали држат чекор.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А од кај Оровник на кај Раби се влечеа тенкови и пукаа, пукаа...кога само за миг небото над Преспа беше без авиони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тогаш за миг, де факто, градот се наошол окупиран од морнаричките одреди на големите сили.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На ќор-сокакот на нашата „патека на љубовниците“- споредна уличка со напуштени фабрики - каде што јас го усовршив движењето на прстите со кое за миг се откопчува градникот; зад јоргованите во Паркот Маркет каде што прв пат ме допре преку фармерките и твоите пупки, набабрени под проѕирниот памук, ми се чинеа лилави како јоргованите; на балконот на новиот Театар Кларк каде што си ги избришав дланките од солта од пуканките и ги протнав меѓу твоите бутини, а ти прошепоти, „Се чувствувам како Дорис Деј да нѐ гледа,“ - и тука не го направивме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Колку навикнати бевме несмасно да се плеткаме, колку совршено непогоден беше нашиот тајминг, како мислевме дека енергијата е екстаза. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 177
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се сеќаваш ли на таа со топлина смирена ноќ, и ние двајцата, со пот соединети, треперејќи како низ Плажата Оак Стрит да беснееше некој вонземен ветер којшто само ние го чувствувавме?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас понекогаш му кажував брзозборки, гатанки и бајки, а еднаш почнав да му зборувам за мојата мајка, за нејзините зборови на презир и потсмев за тоа како јадам, како се смеам, како чекорам; за тоа дека кога ни доаѓаа на гости нејзините пријателки со ќеркичките, таа пред нив ми велеше дека не умеам како нив да разговарам, да се смеам, да чекорам; му кажував со кои зборови го навредуваше секое мое воодушевување и секоја моја радост: воодушевувањето од вештината на неговиот татко, радоста што секоја недела претпладне го среќавав него, Рајнер, иако тој молчи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И само стоевме така едно до друго. Другите деца околу нас скокаа на една нога, си подаваа топка, прескокнуваа јаже, се бркаа околу дрвјата, а Рајнер и јас стоевме, јас гледав во него, а неговиот поглед понекогаш за миг паѓаше на мене, а потоа пак бегаше во празното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Само за миг се гледаше себеси во иднината, како некој невидлив Дикенсонов дух на идниот Божик да му покажал како може да биде...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Само за миг, а потоа убавата насмеана невеста го прегрна и го бакна човекот на скалите од катедралата и за рака со зетот, исто така насмеан и убав, потрчаа покрај него кон паркираните автомобили.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Среде темнината и студот на ноќта во која тој сѐ уште чекореше, оти сега и топлата селска куќа беше исто толку далечна колку и сеќавањето, тие нејзини гради светнаа за миг, побели и помеки од снегот под неговите нозе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Леле, задоцнив!“ - извика Соња, се стрча и за миг се најде во ходникот.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Тука не е крајот... за миг занемев пред моќната ВИСТИНА...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Само за миг, повторно се родив...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сонот за миг го повлече во длабочината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За миг се сети на денот на своето полнолетство, на дувањето на свеќите и првата желба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада со извонредно изострен и пребирачки поглед за миг ги фокусираше лицата во присутната публика.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Здраво сине! - ова „сине“ ѝ излета од устата, но ни за миг не посака да го повлече зборот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Како што реков, - продолжи Јана, ќе го отвориш кога ќе разбереш за мигот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За миг ѝ се стори дека се наоѓа над езеро полно со лотоси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ружа, која штотуку повторно ги беше наполнила оружјата за миг, неочекувано, пред да изусти збор, беше разоружана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јаренцето отстапи само за миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се втурна низ скршената преграда, само за миг, преплави.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Арсо ги наполнува градите, му светнува пред очите и за миг се најдува таму, на брегот, меѓу своите сокласници од гимназијата, безгрижно затрчани по песокот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За миг, само за миг, прострујува во него неопределено плашење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можеби за миг погледнал во избраникот на игуменијата Минадора и можеби видел дека тој е третиот што ќе му помогне на качарот Никифор да ја смени скршената оска: така е, тој мајчин син бега од неволата на болниот Неделко, се прави удрен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така, потивко отколку што се очекувало додека со некаква измореност ги потпирал градите на дрвените запци, прашал: - Колку деца изделка, мркачу, со првата, покојната Коца на Трипуновци, и колку со сегашнава што ти дојде од Побожјане?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се повлекла малку лежејќи, сега потпрена со лакот на земјата, додека со другата рака го стискала отворот на пребелиот лен под грлото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не, јас веќе никому не ќе пуштам крв, рекол со напнат глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дишеше шумно низ нос, не во исчекување да станам и да го доведам до местото за кое беше уверен дека го знам, дека привремено е моја тајна, туку во занес на човек од кого ништо не може да се сокрие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јаков Иконописец за миг подзинал од неочекуваното прашање. Каква стапица му готви Онисифор Проказник?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стресувајќи се за миг заради она што се случило и она што можело да се случи, Онисифор Проказник го видел пред себе другиот Онисифор, изменет, со крваво чело, помал отколку што можел да се намали од студот. И самиот се намалувал од својот јад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И можеби не само за тоа додека за миг се наднесуваше над мене и ги криеше со влакнестиот подбрадок и своите очи и птиците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во очите за миг ѝ блеснала влага.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ој ти земјо пуста да си од тебе сме пак во тебе ние сите ќе влеземе да ни јадеш бели меса да ни пиеш црни очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Судијката се накашла гледајќи во мене. Потоа за миг настана тишина. Миг што траеше цела вечност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На главната врата од ресторанот таа застана за миг, му ги стави двете раце на вратот на Љубо, се поткрена на прстите како да сака да го бакне, но со ситните прстиња му ја намести јаката на сакото, шепотејќи му: „Изигруваш мангуп, куре едно.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога го беше зграпчил за врат, тој со повици ги викнал своите двајца другари, на кои им го препуштил да го држат, а самиот само за миг си ја беше пикнал раката в чизма за оттаму да си го извлече кутичето со тутун, и барем малку да си го освежи својот секогаш измрзнат нос; но тутунот, веројатно, бил од таков вид, каков што не можел да поднесе ни самиот мртовец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја отворам и барам меѓу моите инструменти; младичот, сепак, ја подава раката, посегајќи кон мене за да ме потсети на моето ветување; ја дофаќам пинцетата, ја посматрам на светлината од свеќата и повторно ја враќам на нејзиното место.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Додека тие ги кренале лактите да се избришат, од мртовецот не останала ни трага, така што тие дури и не знаеле дали тој навистина бил во нивните раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но и тоа трае само за миг, всушност, како непосредно пред мојата порта да се отвора дворот на мојот болен пациент, веќе стигнав таму; коњите стојат мирно; снегот престана да паѓа, околу мене месечевата светлина; родителите на болниот итаат низ куќата; сестра му по нив; речиси ме креваат од колата; од нивните збркани зборови не можам ништо да разберам; во собата на болниот воздухот одвај може да се дише.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се веселев на оваа минималистичка компарација која ми овозможуваше, за миг, да стапнам врз коцките.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Се извиѓи воден столб. Над него за миг се изви виножито.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Шумшул- град чека да му бидеш спасител.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Клекнува крај неа и со прстот ја отпревртува. Бубалката стои за миг како да не верува дека е отпревртена, дека е пак на нозе и наеднаш збрзнува кон тревките и се крие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Уште еднаш, барем уште еднаш, зошто времето застана за миг... зошто сето ова е само СОН....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Сѐ околу нив се скамени за миг.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само за миг погледнувајќи крај себе виде одамнешна познаница чија слика некогаш ја чувал в џеб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За миг го оставив мајкиното писмо настрана.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во мигот кога започнав да го читам писмото шифрантот на амбасадата Петар Иваз ми ја донесе фасциклата со дешифрираните телеграми кои стигнуваа од централата, а кои морав да ги прочитам во негово присуство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Камилски не склопи око ниту за миг од претпоследната ноќ од својот престој во Париз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На тој изгрев многупати и без збор во мислата сме му се молеле, ако не повеќе тогаш барем за миг заборавајќи ги тегобите и неизвесностите што ги носи денот а со тоа и сеќавањето за она што било.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
О'Брајан, меѓутоа, продолжи да оди со истото темпо, ставајќи ја за миг пријателски раката врз мишката на Винстон, така што сега и двајцата одеа паралелно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој за миг ја крена главата; и повторно непријателски блесок од очилата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му падна на ум дека тој човек цел живот игра една улога и дека чувствува оти би било опасно дури и за миг да се откаже од неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еднаш кога се разминаа во ходникот, таа му упати брз страничен поглед, кој како да проби право во него и за миг го исполни со црн ужас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше апсурдно, зашто испишувањето на тие зборови не беше поопасно од самиот чин на пишувањето на дневникот; но за миг беше речиси готов да ги откине упропастените страници и сосем да се откаже од проектот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но другиот глас не запираше ни за миг, дури и кога девојката ќе прозбореше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мирисот веќе ја исполнуваше собата, богат топол мирис, кој му се чинеше како испарување што доаѓа од неговото рано детство, но, со кој повремено се среќаваше и сега, додека се ослободуваше таинствено во некоја улица полна со луѓе, почувствуван за миг и повторно загубен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се сврте и за миг речиси не ја препозна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За миг изгледаше дека ќе падне тепачка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ потона во црно. За миг беше сам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Замолча и за миг одново го доби изгледот на учител кој испрашува ученик што ветува: „Како еден човек ја воспоставува својата власт над друг, Винстоне?“ Винстон размислуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За миг беше обземен од халуцинацијата дека таа е присутна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За миг беше парализиран од еден вид хистерија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во далечината еден хеликоптер се урниса удолу меѓу покривите, рееше за миг како мува зујалка и одлета повторно, кревајќи се.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сајм замолча за миг и со рачката од својата лажица извлекуваше цртежи во истурената баричка од манџата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За миг, дури, беше заборавил на бројчаникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гласот на Голдштајн се претвори во вистинско блеење на овца, и за миг и лицето се промени во лице на овца.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За миг, очните капаци му се спуштија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му беше пред очите само за миг, потоа ја немаше повеќе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За миг беше ужасно бесен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За миг беше во искушение да влезе во едно од сепарињата со чешми и веднаш да го прочита.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За миг беше сам, а потоа вратата се отвори и влезе О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој го брцна перцето во мастилото, а потоа застана за миг нерешително.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За миг лежеше таму како стаписан, додека од устата и од носот му течеше темна крв.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон за миг заборави на бројчаникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За миг изгледаше дека двата мускулести колка ќе му ја сомелат утробата во каша, а потоа се проби, малку испотен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Човек никогаш не можеше да ги види, освен како заробеници, па дури и тогаш само за миг.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и налудничавата мисла да ја земе под наем собата на катот за миг повторно му светна во умот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И во моментите на вистинска радост и среќа, во нас останува една трошка осама, самотија, која доколку и за миг ја посетиме, го облева нашето битие и омјазот наш, го добива мртвилото на затворените очи.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Застанав за миг и наслушнав. Немаше шум.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јас се задржувам уште за миг во лежерен разговор со соседите, додека да влезат во лифтот, па ја отворам првата, отклучена врата, но гледам, не можам да ја отворам втората! Ја заклучил!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Така настроени се втурнаа по надолнината и за миг се најдоа на крајот од селото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ја задржував, колку што имав свесна моќ за тоа, во спомените, потоа, низ лавиринтот на потсвеста, таа за миг ќе ми се појавеше во некој од сништата кој секогаш се збиднуваше зад границата, во родната земја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Нека никој не се осмелува да ми каже дека дури и за миг на потрошувачот му паѓа на памет фактот дека тој со отпадот што го плаќа и расфрла ја загадува околината и си го загрозува здравјето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Прагот на очекувањето е изневерен. Неподнослив шум.  За миг сфаќаш - немоќта е безмерна пред убоста.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
За миг се случува избезумувачка ерекција на сите пет, шест, седум свети сетила.  Се кочиш, небаре примаш нагло шибната инјекција. Терапија со електрични шокови.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Најпосле: тоа беше нож кој на својот благ виножитен пат само за миг се вкочани во воздухот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Однекаде засвире и хармоника. За миг се залула ситно, китно оро.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Партизаните ги прекрстија рацете на рамењата и за миг одекна песната: „Друже Тито, љубичице бела, Тебе воли омладина цела. Друже Тито, љубичице плава, Ти се бориш за народна права!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
За миг застанаа на влезот во подземната куќа, сѐ додека дождот не се разлеа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се колебаше за миг, го запре здивот, и потоа бавно ја отвори раката, откривајќи го малото парче насликано платно.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ќе се разбудевме во ноќта и ќе почувствувавме како студеникавиот воздух се загрева, ќе почувствувавме оган во ветерот или ќе видевме како ѕидовите за миг горат со светла боја, и тогаш знаевме дека неговата ракета е над нашата куќа -- неговата ракета, додека дабовите се лелеат од воздушниот удар.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој ја сврти главата и ги затвори очите за миг.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тенорот го подига последниот збор и гласот останува за миг да виси во растреперениот ноќен воздух и секнува песната колку за да чукне срцето посилно, градите да се наполнат со воздух.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ги фрли своите работи, застана за миг малку вчудовиден, потоа пак истрча надвор и слезе дури пред зградата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Само за миг, обликот ми заличува на заробен човек, обвиен со мека но непропустлива чаура, како инсект фатен во плунката на паукот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
ЃАВОЛОВ УЧЕНИК Споулавената група навивачи за миг ја извалка улицата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Никој жив нема! Тоа ли е ред! Сите се успале!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: (Влегува во ноќна, долга кошула, со мазно од вечерта избричено, а мрачно лице, на кое никогаш, ни за миг не светнува осмевка и ведрина, со густи, накуштравани веѓи кои го оцртуваат намуртеното чело и го засенуваат, правејќи го уште постуден студениот поглед; со остар, отсечен говор, кој скоро никогаш не е разговор со луѓето, ни со најблиските, туку карање, викање на нив, на најблиските најмногу, со потценување дури и презирање преку волја, како и да не заслужуваат со нив да се разговара.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ако забележеше некој момчак работник или подостарен маж како зее во големата цицка на мајка му, за миг ја оставаше големата брадавица и грмнуваше неговиот глас како на возрасен Пуљ си п'тот, пичка ти мајчина, оти!... и пак ја лапнуваше брадавицата и не ја оставаше додека не го исмукаше целото млеко од боската. Понекогаш поминуваше и на другата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Што сторив проклета да сум со човекот? И живо се сеќава, чиниш сега се случува, како ги залепува своите врели усни на неговата нажубрена рака преку кои жубри за миг му го почувствува ранетото срце!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Само пареата, за миг, ќе им ги покрие лицата и возбудата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И сето тоа стана како на сон: небаре цело време преоѓав од еден сон во друг, ни за миг не будејќи се.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ тече - сѐ се менува... она што е сегашност за миг станува минато...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сликата што си ја замислив во мене создаде желба барем за миг да станам здодевен новинар што на бабичката ќе ѝ направи интервју од само едно прашање.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
За миг прекина, се загледа во преведувачот и го праша: - Знаеш да пееш?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес... - прекина само за миг небаре наслушуваше дали нејзините зборови стигнаа таму каде што ги упати.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Високо над Бел Камен за миг се отвори небото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нечујно длабоко вдишува, само за миг здржува здив и под дебелата волнена и густо плетена фанела што ѝ ја испрати мајка ѝ пред некој месец, чувствува како силно и немирно ѝ тупка срцето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само за миг се созеде и пак се загледа во далнината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Пролетаријат... – таа ја цедеше секоја буква - најпрвин да завршам за тоа шо почнав, а потоа јаска убао ќе ви растолкувам шо е тоа пролетаријат иако знам дека ти шо ме опита, знам дека нема да ме разбериш... - таа прекина за миг и се врати на прекинатата мисла.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Тој пак се сврти. Само за миг погледна на колоната и рече: - Ете, гледате нешто од... како да ви кажам... од реалноста, ама овој збор не знам да ви го објаснам попростачки, Запамтете го - зборот реалност тоа е тоа што гледате сега...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Замолкнаа за миг. Шараат со очи по таванот и ѕидовите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не молкот, ами душата и духот владеат со нејзините мисли и со чувствата на сите и кај сите одделно истиснува спомени, сакања и присакувања и така занесени го забораваат барем за миг болното стегање во стомакот, влагата и студенилото, печењето на плускавците, болките во нозете и рамењата и неотстапната потреба да се наспијат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Светлокосиот се тргна од мисли и се сврте, го изгледа за миг и рече остро: - Заколни се дека нема никому да кажеш?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По тоа влезе, зашара со батеријата наоколу и во еден момент кога светлината го закачи малку, Мече за миг му го виде лицето: под убава светла коса, сега извиткана во кадри, го гледаше по малку горделиво лице, посипан со сиви дамки.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Трска, со тие негови долги нозе, за миг се најде крај Окомен и, како да гасне догорче од цигара, со петицата му ги здроби очилата поднати недалеку од него.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)