за (предл.) - музика (имн.)

- Подобро е да молчиш, ќе речеше, оти пеејќи, ем ќе ги изнервираш оние што не сакајќи ќе те слушнат, ем самиот ќе се разочараш од фактот дека си дудук за музика.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Што значи тоа? - На крајот од седумдесетите години, читателите на ревијата за музика „Џубокс“ можеа да го дадат својот глас за гитаристот за кој сметаа дека е најдобар во СФРЈ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ако мора веќе да се напушти животот и притоа да се зажали само за музиката и сонцето, и тоа прво за музиката а дури потоа за сонцето – значи тоа е безалтернативно.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сакав да им раскажам за облакот светлина, за музиката, за боите, но се плашев да не бидам исмеан.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По дваесет и седум години, што значи дваесет и четири години по смртта на Бах, баронот Готфрид ван Свитен, кому впрочем Форкел му ја посветил својата биографија на Бах, а Бетовен својата прва симфонија, се сретнал со кралот Фридрих накратко, и за таа средба вели: Тој [Фридрих], меѓу другото ми зборуваше за музиката и за еден голем оргулист Бах што живеел извесно време во Берлин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— Уште за музика ни е дојдено, вели, туку има нешто свое?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дека геј- мажите се особено восприемчиви за музиката и уметностите било тема уште во писанијата на психолозите и сексолозите од почетокот на дваесеттиот век.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Леон ѝ го купи првиот инструмент, ново пијанино нарачано од Виена, веднаш штом Агата го покажа првото интересирање за музиката, а подоцна и првата флејта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа ја докрајчи мојата лева рака речиси една година, но и покрај тоа, пред да го напуштам училиштето станав придружен член на Кралскиот колеџ за музика (ARCM) и носител на диплома на Кралската академија за музика (LRAM).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сигурно сте сосема во право кога велите дека квалитетот за музиката не е само идеално туку и животно прашање.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)