за (предл.) - нација (имн.)

Од двата европски модели за нацијата, Третиот свет во најголем број случаи го усвои оној полошиот и тоа со активен благослов на учените луѓе од Запад. (...) Имено, токму во моментот кога на другиот човек му се враќа неговата култура, му се одзема слободата: неговото сопствено име исчезнува во име на неговата заедница; отсега тој е само примерок, безличен претставник на еден посебен вид суштества.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Книги есеи - Записи за нацијата и литературата (1985), Нови записи (1989), Македонски дилеми (1992), Резиме за мојата генерација (1998), Болно племе (2000).
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Револуцијата, според него, ја упропасти Франција залудно трошејќи ги националните вредности во име на еден божем правилен поим за нацијата: „Оној ден кога му ја отсече главата на својот крал, Франција изврши самоубиство“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На триумфалистичкиот пангерманизам Ренан реагираше со една друга теорија за нацијата која беше заснована на една инаква претстава за човекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Многу е тешко да направиме разлика помеѓу теоријата на Калдун за asabiyah-от и модерната западна концепција за нацијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Поголемиот дел од движењата за национално ослободување го следеа истиот пат: со Фенон како пророк, тие попрво ја избираа етничката отколку „изборната“ теорија за нацијата и попрво се приклонуваа кон културниот идентитет - тој модерен израз за Волксгеист - отколку на „секојдневниот плебисцит“ или идејата за „вековно здружување“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зборуваат само национално, национално, како да не сме луѓе, како да не јадиме леб и да не пиеме вода (мене ми зачука срцето), ние треба да се најадиме, вода да тече, а не да ни ја крадат, трактори да купиме, крави млечни да донесеме, кози алпина раса што даваат седум литри на ден, та за нација, пак ќе сме нација, ебати нацијата!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)