за (предл.) - одење (имн.)

— Нејсе, — вели дедот Петко. — Дури да и нараниме маските, да се обујме, да се замиеме образ, па шо се вели, дури да поручаме, и времето ќе дојде за одење.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Добро е што вели Никола, вели Коте Ризески, да го потпишеме писмото, да се здоговориме за одењето во Прилеп и да се разотидеме по дома.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога мислиш да се требе в град? — Кознаје, лебами, баеги време како се вртка одаваде река, та за одење кој ќе ти каже.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одам, брзам но тешко е за одење. Снегот на ридот фаќа до над колена.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сето тоа не остане така. Почна да размислува за одење во војска.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не знаеше Петре за одењето на жена му кај попот Никола и за прокудата што таа му ја токмеше, ама стравот од такво нешто никогаш сосем не исчезна: цело време тој само го туркаше надолу, му го пикаше перчето под вода, ама тој сепак одново земаше воздух и живуркаше небаре секаква ава му одговара.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не одбирам сега место за одење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кога си реков: до овде ти било за одење, Небеска, рацете му се отпуштија, му се олабавија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред мене се шест илјади километри за одење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Почнува и земјата да не ме држи, да не ме трае за одење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе ни дојде времето за одење кај вас, ќе се искапеш и ти и ќе се сториш еден штрк, ќе си земеш едно шише вода од другиот извор и ќе си го обесиш на гуша и кога ќе си одиме дома, ќе се потуриш и еве си пак човек.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Младичот беше задоволен и често повторуваше дека ова ќе мора да им успее, му објаснуваше дека ги притиснале в ќорсокак луѓето од монополот, го извеле тоа многу добро, а за она му рече дека тој ќе мора да си однесе и нешто дома, таа пролет; тој веќе беше почнал да се подготвува за одење в село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На ова и се заврши разговорот за одењето на утринска литургија во црквата Света Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Имено, како еден вид компензација за перманентното пролонгирање на старосната граница за одење во пензија, се забрани прекувремената и ноќната работа за оваа категорија работници (чл. 180, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И кога сетил дека нема повеќе за одење, нема за потаму, ми пуштија вест и јас отидов.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Немам повеќе време, вели, оти имам многу пат за одење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе за одење, отколку за враќање, вели Јон и се оддалечува надолу, ми се губи под куќата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)