за (предл.) - парк (имн.)

Десно водеше патот за дома, а лево за паркот. Постоја така нерешителен.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во скицата за паркот, освен нови - кедри, туи и елки - ги вклопив старите околни дрвја, оние што можеа да се одберат и да се искористат, како и сегашната жива ограда од кленики скраја подолу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа се, имено, неговите „хумусни клозети“; Фекалиите од ВЦ-то можат да се користат како гноиво за парковите и градините, а отпадните води, кои со специјален систем би се пропуштале од врвот до дното на замислениот облакодер, во приземјето би доаѓале значително прочистени.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)