за (предл.) - партија (имн.)

Сакав на Луција да ѝ кажам дека воопшто не ми е грижа ни за нејзиниот народен дух, ниту за партијата што го брани, и дека сѐ што сакам е да ја фатам за рака, да ја прегрнам и да ја одведам некаде каде нема ни народен, ни добар, ни зол дух, ни партии; на некој остров каде ќе можам до мила волја да ја бакнувам во папокот, да пијам вино од таа слатка чаша на нејзиниот стомак, да ја опсипувам со милувања и бакнежи; но не смеев да кажам ништо затоа што Луција гледаше сосема разочарано во мене, ме мразеше, ме презираше поради мојата недекларираност, поради отсуството на здрав корен во мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Утредента ме викна класниот, Фискултурецот и ми рече дека ако продолжам да говорам такви гадости за партијата, и тоа уште за партијата на која не ѝ припаѓам, ќе ме отстрани од училиштето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа се типови луѓе кои најчесто се вработени во институциите кај овие првиве, а нивната главна особина е длабоко да пенетрираат кај нивните претпоставени задници со што ќе успеат да се одржат на позицијата во која се дочепале и притоа да не дозволат на конкуренцијата да им го заземе нивното место, а најчесто служејќи се со своите вешти кодошко-лакташки особини секогаш ставајќи му сопка на соперникот и увек гласајќи за партијата која ги убутала на тоа работно место.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Заминала дома со плачење, и цела ноќ ги читала моите песни; се проверувала себеси и својата партиска совест, и во песните не нашла ништо посебно штетно за Партијата и здравиот народен дух, освен што и понатаму мисли дека тие песни биле несоодветни за приредбата во училиштето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потем јас му говорев за Партијата, за Земанек, за нашиот брак, за Здењичка; но тој не ме слушаше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сексуалниот импулс беше опасен за Партијата и Партијата го беше претворила во свое оружје.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој е - Јас не те прашувам за програмата, ниту за партијата. Кажи ми од кој фис (племе) е!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)