за (предл.) - паѓање (имн.)

- Знаеш, ќерко, баракава ми ја дадоа зашто куќата што беше скоро за паѓање ја урнаа, а сама во неа не ми се седи. Па, ете, така, ќе си седиме со Марина.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Чувството дека мислите ви се сосема независни може да предизвика паника и луѓето обично зборуваат за паѓање во “К-дупки” - состојба кога не можат да се помрднат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Си ги презашиваме истрганите копчиња готови за паѓање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Молчи, си велам, кога немало уште за паѓање...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)