за (предл.) - повторување (имн.)

На новата главна расправа странките можат да изнесуваат нови факти и да предлагаат нови докази (чл. 398, ст.2-3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Предлогот за повторување т.е обнова на постапката се поднесува секогаш до судот што ја донел одлуката во прв степен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога причината за повторување на постапката се однесува исклучително на постапката пред повисокиот суд, судијата поединец, односно претседателот на советот на првостепениот суд по одржаното рочиште за расправање за предлогот за повторување на постапката ќе го достави предметот до тој повисок суд заради донесување одлука (чл. 399, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По истекот на рокот од пет години од денот кога одлуката станала правосилна предлог за повторување на постапката не може да се поднесе, освен во законски предвидените исклучоци (в. чл. 394, ст.1sq и ст.3sq од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Предлогот за повторување на постапката се поднесува во рок од 30 дена.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
11.  Постапката што со одлука на судот е завршена правосилно, може, по предлог од странката кој има третман на вонреден правен лек [extraodrinaria auxilii], да се повтори во законски таксативно наведени случаи, меѓу кои и: – кога одлуката на судот се заснова врз лажен исказ на сведок или вештак; – до одлуката на судот дошло поради кривично дело на судијата, односно на судијата- поротник, на законскиот застапник или на полномошникот на странката, на спротивната странка или на некое трето лице; – странката стекне можност да ја употреби правосилната одлука на судот која порано меѓу истите странки е донесена за исто барање; – странката узнае за 207 нови факти или најде или стекне можност да употреби нови докази врз основа на кои за странката можела да биде донесена поповолна одлука тие факти или докази да биле употребени во поранешната постапка; – со одлука на надлежен орган дополнително правосилно е одлучено за претходно прашање на кое се заснова одлуката на судот (в. чл. 392, ст.1, ал.4, 6-7, 9-10 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)