за (предл.) - погреб (имн.)

- Мачно е да си тажен во еден олку убав ден, рече Роден Мегленоски, и ваков ден не е за погреби. 10
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Понатаму“, продолжи Владе, „за погребот ништо пишувано не може да се најде, освен онаа реченица на Нико Кочов кога вели: „Беше фрлен скраја во гробиштата“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Даскалов беше отшетал до другата страна на креветот и изгледа и самиот се беше уверил дека мајка ми е подготвена за погребот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Второто навраќање на Боге од Бањи, само за да проверел колку ми напреднала работата, го искористив за да му го соопштам моето мислење дека изгледа токму бабите се најдобро информирани за однесувањето, дејствијата и последиците на смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За сите други податоци препорачувам да му се обратиш на Боге од Бањи бидејќи и самата знаеш дека тој е нарачателот а можеби ќе биде одговорен и за погребот“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И наеднаш како да се сепна. Погледна кон мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)