за (предл.) - пресуда (имн.)

Кога пресудата се објавува, претседателот на советот, односно судијата поединец јавно ќе ја прочита изреката и накратко може да ги соопшти причините за пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Рочиштето за објавување на пресудата судот е должен да го закаже на рочиштето на кое главната расправа е заклучена и тоа ќе се одржи независно дали странките за тоа биле известени, односно дали пристапиле на тоа рочиште (чл. 324, ст.1-4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)