за (предл.) - претседател (имн.)

За претседател на колективот го поставија Најда Акиноски а на предлог на учителката, Зорка Маѓероска, битолчанка, на колективот му го дадоа името на администраторот - БЛАЖЕ АЛЕКСОСКИ - ПЕНАТА.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
102. Стојан Михајловски (1856-1927) е бугарски поет и општественик од гр. Елена што немаше ништо заедничко со борбата на Македонците за слобода, но во 1901 год. беше поставен за претседател на ВМОК, наместо дотогашниот Б.Сарафов што се покажа „непослушен” за бугарскиот кнез.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како виден граѓанин на град Куманово беше избран во 1916 година за претседател на кумановска општина, на која должност остана повеќе од една година, а по тоа време даде оставка и се пресели во Скопје.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
По пет – шест години доби стипендија за последипломски студии во Берлин, по враќањето кратко време беше член на Советот на општината на неговото родно место, па пратеник во парламентот, за на крајот да дотурка до најсериозен кандидат за претседател на својата партија ( генералот Стојан во тоа време беше сопственик на еден супермаркет во едно мало провинциско градче и не успеа да ги собере 10 000 потписи за да му се спротивстави на изборите како независен кандидат) и ете го сега тука во истата зграда пред која што пред рамно триесет години дојде да бара демократски слободи и права...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Но, почнувајќи од јануари 1901 година, кога по една голема провала бил затворен ЦК и за претседател на новиот ЦК дошол Иван Гарванов, ситуацијата се изменила.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И за Претседателот, постоеле и времиња, кои и го барале тоа, во кои наеднаш било разурнато сето наоколу и на прв поглед се чинело дека тие линии, секогаш и премногу бргу, и премногу видливо, оделе една кон друга, взаемно стремејќи се и речиси се слевале, но всушност никогаш не било така, секогаш наново тоа во еден миг можеше да биде откриено и сега јасно можеше да биде здогледано.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога еден сатиричен весник на Универзитетот на Мичиген сакаше да ја исмее паниката што го фатила некој поранешен дипломец зашто за претседател на студентската организација беше избран човек што е отворено геј, весникот напиша дека новиот претседател „конечно успеал во својот поход да ја попедерчи целата студентарија на Мичиген...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Шимон Перез кој одржувал добри односи со Арафат го наследува Ицак Рабин.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На 20 јануари 1996 година Арафат е избран за претседател на палестинската влада на првите сеопшти избори организирани во Јордан и Газа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)