за (предл.) - продажба (имн.)

На нив, изгледа, се забележани податоци за продажба на земја, деловни трансакции и порески обврски.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Иако не е строго легално, не постои успешен случај на кривично гонење за продажба на нитрити, бидејќи проблемот сѐ уште не е покриен со законот за дроги.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Камилски се задржа и на многубројни лексички траги во балканските јазици на занаетчиската терминологија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги забележа зборовите: туџар, трговец (од арапски tccar); тељал, телал, вид трговец, посредник, но и лице што ги известувало луѓето за продажбата на некаква стока (од арапски telll); ортак, партнер (од турски ortak); џамбаз, трговец со коњи (од персиски cambaz); муштерија, редовен, постојан купувач (од арапски mteri); дуќан, дуќанче (од турски dukkan); есап, сметка (од арапски hesap); алаш-вериш, алаџак-вереџек, купопродажба, размена, пазарење (од турски alışveriş и alacak-verecek); пазар, (од персиски pazar); пазарлак, погодување за цената при купопродажба (од турски pazarlik); ќар, заработка, добивка (од персиски kr); зијан, штета, губиток (од персиски ziyan); фајде, фајда, корист, полза (од арапски fayda); келепур, џабе, нешто добиено за малку пари или под цена, ќелепур-софра, келепурџија (од турски kelepir); бадијава, бадијала, џабе, без пари (бадијалџија, готован, неработник), (од турски bedava и bedavaci).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Наведуваме шест главни можности: Легализација на помалку опасните дроги. - Откажување од кривичното гонење наместо потполна легализација. - Издавање дрога на лекарска рецепта. - Продавање дрога во државните продавници, како што во некои земји се продава алкохол. -Продавање дрога во приватни продавници, со извесни ограничувања како што се забраните за продажба на малолетници и продажбата со помош на автомати. - Дозвола за продажба без какво и да е ограничување.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Постои цела низа начини како би можел да се организира легалниот пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од друга страна, законите кои не можеа да се спроведат имаа слабо влијание врз креирањето на морални ставови.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога државата би добила монопол за продажба, би се укинала и традиционалната корист од конкуренцијата со која се привлекуваат купувачите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во приземјето ѝ е сместен дуќан за продажба на очила, чие лице гледа во прекрасните сводови на знаменитиот Камен мост врз Вардар.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)