за (предл.) - развој (имн.)

А од друга страна директорот, на сите шефови на погони, им ја покачи плата на тогашни 1.000 германски марки (денешни 500 ЕУР) месечно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, тогашното раководство не се ангажира доволно за развој и пазарен просперитет на оваа фабрика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во новонастанатите општествени спротивности Хегел не ги забележува нужните услови за понатамошниот дијалектички развој на општеството, туку противречувајќи си наполно на своето учење за сеопштото движење и незадржливиот развој, најдобриот општествен поредок го наоѓа во статичната пруска монархија, во која, според него, нема спротивности, па спрема тоа ни услови за развој во понатамошен, повисок општествен облик.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Полето за развој на графетичките проучувања е широко со оглед на бројот на варијациите во графичкото изразување во современите јазици, но и низ целата историја на писмото.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа значи дека постапката на деконструкција и анализа на формите и ситуациите од минатото функционира како генератор за новите услови за развој на поединецот внатре во рамките на колективот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа што е последен не значи дека е безопасен и дека нема претензии за развој.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
- Јас секогаш ги потресувам од правот моите облеки, потоа чеизот и сѐ по ред, не дозволувам лошото да полегне, да се полепи по нив, зашто подоцна било кога, може да ми засмета, да биде кочница за развој! – зборуваше Трајанка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И оттаму нам, психијатрите, ни се наметнува чувство, кое не е за отфрлање, дека јазикот на соништата подобро би го разбрале и полесно би го преведувале кога повеќе би знаеле за развојот на јазикот. превод: Венка Симовска Извор: Sigmund Frojd, Psihoanaliza i telepatija, Grafos, Beograd, 1990.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во седумдесеттите Tom Furness, којшто работел за американското воздухопловство, многу придонел за развојот на технологијата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)