за (предл.) - роденден (имн.)

Кога ќерка ѝ, Јана, мајката на девојчето, ѝ донесе за роденденот три раскошни цвета на стрелициум, три наежени папагалови глави, завиткани во целофан и украсен црвен ширит.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ќе им се јавуваш за роденден и Нова Година, а со текот на времето и поретко.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
На детето му дозволувала само по една играчка за роденден и за Божик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Денес, добри мои, фалбаџиите се фалат со убав, скап автомобил, со скапи јадења со неразбирливи имиња, со лет преку океанот, со клавирот што им го купиле за роденден, со најнов тип на „сеико“ часовник, со супер скијачка опрема, со купувања во Солун, Трст, Париз, Лондон...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Мојот дедо прекрасен чудни нешта прави. За роденден пред врата, моторче ми стави.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тетка ми ми ја подари за роденден. Ја читав повеќе пати, некои места ги знам и наизуст.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Нели сме другари“, ми рече едноставно, „не треба посебно да ми благодариш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ќе ти ја донесам книгата. Мораш да ја прочиташ. Сигурно ќе ти се допадне.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Можеби за роденден ќе му купат работна ламба - слична на онаа со зелен штитник.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Најпосле се сетив: за роденден ѝ подарив ново огледало.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)