за (предл.) - ручек (имн.)

Долу откај куќата, Ратка, жената на Јован, вика за ручек.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога на софрата за ручек беа и Севда и Стасе и Спиро и Елени и Слобода и мајка ми и јас. И сите нивни браќа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Домаќинот ја разбра нашата желба. Веднаш нѐ воведе во кујната, ни изнесе разновидна риба, оставајќи нѐ сами да избираме, што сакаме за ручек. Се разбира - печена, на скара!
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓутоа, додека со мама ја местевме масата за ручек, таа ми ја забележа преврската и ужасно се исплаши.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога дојдоа нормално се поздравив и ништо не реков.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Станав, се измив, си ја посуредив косата - да не ме видат легнат, премногу да не се загрижат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Потоа ги измиваше рацете на пумпата, која веќе долги години суво кашлаше, и ја оставаше старата да го стави на огнот танкото варилце за ручек.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Тоа ти е исто ко ја да ти дојдам дома и на жена ти да ѝ кажам шо да праи за ручек, а ти да не смееш да писнеш.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Да си замислиш еден прозорец И на прозорецот да си ја видиш сестричката Пладнето што те довикува за ручек, Да седнеш на трпеза покрај татко ти, Тој да го крши лебот и да го бакнува.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тој беше просто шокиран (зошто би бил, но, ете, беше) кога виде дека на поставената маса за ручек нема четири исти длабоки чинии, четвртата беше заменета со преостанатата од стариот сервис на чие место за Нова година беше купен нов.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Другиот ден, пред самиот ручек, ќе го симне грнецот од оган, ќе го извади поклопот, ќе му тури потпршка, троа брашенце и црвена пипер, и - ете ти јадење од кое немаа најаска силниците кои доаѓаа, божем по работа, уште одвечер во Потковицата и заповеда да им се зготви утре за ручек чомлек.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа прв пат му се случи кога Рози го презеде од Кети пакувањето на кутиите за ручек.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но секогаш кога за ручек се враќаше дома рацете ѝ беа полни со ќеси.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На секое дете за цел ден ни делеа по едно ‘ржано пешниче леб, големо како две тупаници, по една лажица шеќер, а во големиот казан, за ручек, скоро секој ден вареа надолж посечени компири зачинети со брашно и многу црвен благ пипер.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од мај до крајот на август таа 1948 година за ручек јадевме само макарони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И јас секогаш кога ќе го слушнам зборот Кујна, ја гледам мојата нана надвисната над шпоретот во кујната како размислува дали да му свари едно јајце на дедо ми за ручек или да не го прави тоа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој ден за ручек, Бог му даде на Александар Јаковлевич шише зубровка, домашни печурки, чинија со риба, украински боршч со месо од прва сорта, кокошка со ориз и компот од сушени јаболка.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Срамежливиот Александар Јаковлевич веднаш, без одлагање го покани инспекторот да ручаат од она, што Бог им го даде.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Под тремот црквински редачките веќе клаваа за ручек и нешто постојано брчеа со устите, како и мувите над котлите со манџа. 13
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И сред тие зборови, се надава мајка на чардакот и го викнува татка за ручек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Имаше обичај за ручек да испие цела една порција расол.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Би сакал да ве поканам на една прошетка, а ако сакате можи да седниме некаде на ручек, со оглед на тоа дека имате пауза за ручек.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
V Во кантината со низок плафон длабоко под земјата, редицата што чекаше за ручек бавно се поместуваше напред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Гледај го, работи и за време на паузата за ручек“, рече Парсонс, подбутнувајќи го Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Им принесувам на татко и мајка, и низ бавчичето - скини пипер, патлиџан, кромид - за ручек- вечера. И си го чекам денот...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Бидејќи чешмата тече по малку, а само една е во селото, затоа се собираат на неа уште од ручек да залеат за вечер, а од полноќ да залеат за ручек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште од малечки тие знаеја само за појадок и за ручек, а вечерата во нивната куќа не беше позната.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За „спаијата" се донесе едно ведро млеко од десет оки, се напоруча тој и сите покрај него, а протуѓерот Злате и гавазот Ариф го кутнаа бравот за ручек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Построени, со еднаков чекор и песна се враќавме под врбата, дваесетина минути не вежбаше Маријанти рамен строј и чекор, а потоа добивавме чинија макарони (секогаш за ручек и вечера макарони), јадевме набрзина и одевме на спиење.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Сега да купиме нешто за ручек – вели Зоки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Капакот? – рече таткото, - капакот? Хм... Тогаш, Зоки, еве ти го капакот за ручек!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Појди кај мене дома и речи: „Ме прати Арсо, се пишманил, нејќе за ручек месо со праз, туку месо со компири.“
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Нејќам со компири, туку месо со праз.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сака и мене да ме користи ко бонче за ручек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јадеме по педесет грама мерен црн леб и скоро секој ден за ручек и вечера булумач - избурбатено брашно со топла вода.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Само, не разбирам зошто си морала да го лажеш она за појадокот, за ручекот и за моето честење низ куќа додека вие си играте, а татко ти чита весник.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се сместуваме во зелената трева, подалеку од чешмата, постиламе, се приготвуваме за ручек.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)