за (предл.) - слика (имн.)

Затоа дефиницијата која за сликата ќе каже дека е „претставување кое е сочинето од делови кои се присутни во духот на набљудувачот, преведувачот“ е сосем јасна и точна.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Знам, - рече стариот. - Јас те прашам за сликата, ќе можеш ли да ми ја најдеш? Ако сакаш, ќе ти платам добро.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Празниот простор на подот беше сосем ограничен, зашто на сите ѕидови беа потпрени безбројни рамки за слики.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Технологијата на виртуелната реалност овозможува убедливо чувство на целосно движење, со податочната ракавица е стимулиран и допирот, се работи за право пробување и населување на виртуелноста (уметнички кодирана); посебно делотворни се движењата (излети) за сликите, симболите и зборовите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Преку значајните движења на виртуелната реалност (врз основа на вртење на главата и придвижување на податочната ракавица) примателот „патува” по четирите соби-светови, од едниот во другиот, ги разгледува симболите во нив и ги испитува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Експертите по сликарство, спротивно, откако со пробивен поглед, низ трепките или окалките, ќе се здобијат со општ поглед, односно впечаток за сликата, му се доближуваат на платното со бесшумен чекор на ловец кон дивеч и со око како лупа во едната а со нокот како пинцета во другата рака почнуваат да чепкаат по боите а особено под боите, во потрага по тајната или прелагата на мајсторството.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ми дојдоа ноќе и ми ја пребараа собата. Знаеја за сликата и ја најдоа исцибрени од пакост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мистеријата во неговото опстојување е во тоа дека највисоката и крајна апстракција за темелот на светот како божество на крајот на краиштата претставува нешто сосема “натуралистичко”, додека “класицистот” со својата близина до природата доаѓа дотаму она метафизички не-сликовитото, имено, Бога, да си го претставува во сосема алогична фигура за човечката историја: како човек. okno.mk 247
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Прастар естетички судир (...) Дали изворниот антагонизам меѓу двата „апсолути“ кој е толку заострен во денешниот свет, не само во денешната уметност, претставува борба за сликата божја?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)