за (предл.) - смеа (имн.)

Ние весело се насмеавме... – Не е за смеа, не е за смеа, мили мои, војна беше, како да се земе! Војна на нашата земја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И како да не го прими, кога тој дава добар повод за смеи и за двосмислени потфрлања.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Бугарскиот војник знае само за смеа и веселба и кога работи и кога војува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
За смеа на судбината, го спаси трнот на трненката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Не е за смеа, - рече дедо Геро и се сврте кон децата: - Еве што ќе ви кажам: ни ние не знаеме сигурно.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)