за (предл.) - смеење (имн.)

Ти иде за смеење, а тој те прашува што е смешно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ќе ви пукне смешникот, вели Ристо Коларов, ќе ви се расипе центарот за смеење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но Ѓеле е од оние деца што постојано ја држат главата подведната, веѓите затегнати и протурени над очите, а устата и лицето никогаш не знаат за смеење.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во несреќата имало повеќе место за смеење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ама, што ви стана, вели Апостол Макаровски, што има толку за смеење? — Мачките, велам јас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Отсекаде ни иде за смеење, и отсекаде ни излегуваат вошки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А пак болеста на војникот, не била болест за смеење. Се узбуни војска, се узбуни и народот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ти дојде за смеење, па ќе се сетиш кај те водат и, смеењето ќе ти се поткине.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)