за (предл.) - соживот (имн.)

Глувче е фасцинантен расказ, од кој можат да се изведат бројни значења, како на пример за соживотот на разните народи на иста територија и сл. Но главното е самата приказна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Време на загубено детство, на сакани лица кои повеќе ги нема, на средби и раскази, ете го јадрото на целото романескно творештво, каде што Луан Старова, навраќајќи одново на знаците на семејниот егзил дури и во неговите најзванични функции, ги посматра знаците на историското насилство и предлага модели (можеби утописки) за соживот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Доколку не постои основ за соживот, ти преостанува само да викнеш специјална екипа (слична на Гоуст Бастерс) која има за задача на мирољубив и достоинствен начин да ја спакува целата фамилија, да ги замоли да влезат во еден голем кафез и да ги однесе на стотина километри на север.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)