за (предл.) - софра (имн.)

И додека тој, само по еднаш дозволувајќи му на секој селанец да ѕирне во мракот на неговиот свет, со скриено задоволство ја слушал и ја повторувал едноличната песна на камењата, луѓето чекале под стеблак на стар орев и го заборавале тврдиот пешник во тагарџикот од пресува козја кожа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
АМБАРОТ АКО ТИ ТЕЖИ - РААТ ДА СИ! Ќе има лебец и за софрата твоја, и за в питачка торба! ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Чекајќи брашно, и самите лути или замислени, и самите врзани за испуканата земја на недарежливите ниви, понекогаш дочекувале пребој. Не за добитокот. За себе, за софрата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)