за (предл.) - судење (имн.)

На овој начин синдикатот станува многу понезгоден за манипулација, бидејќи наместо еден лесно поткуплив синдикален лидер или тесно кршливо раководство, тој е составен од многумина самосвесни водачи. 1 3) Предолго траење на судските работни спорови Иако, според УРМ (1991), секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на РМ, во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност и иако, законски, во постапката во споровите од работните односи, а особено при определувањето на роковите и рочиштата, судот секогаш ќе обрне посебно внимание на потребата од нивно итно решавање (чл. 405, ЗПП) – сепак, во праксата, работните спорови траат недозволиво долго, па дури и предолго.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ваквиот, барем за наши услови, нов и „наопачки“ принцип на синдикална организација ја негира поделбата на активно синдикално водство (кое преговара) и пасивно членство (кое послушно следи) – која, впрочем, е и загноената рак- рана на македонското синдикално движење.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога судија поединец, во текот на постапката, по службена должност или по приговор од странка, ќе најде дека за судење е надлежен совет на истиот суд, ќе донесе решение постапката да продолжи пред совет.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Интересно е тука да напоменеме дека Република Македонија веќе има изгубено неколку работни спорови пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, и тоа токму поради повреда на круцијалното начело за судење во разумен рок, гарантирано во чл. 6 од ЕКЧП.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)