за (предл.) - тајна (имн.)

Ѝ пееме на раката што те прелажа крај ливадите и те доведе тука времето чирак да ти биде на ликот твој да му служи и да се подучува за тајните и тајни патишта на убавината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Но ете, откако го фрли тој сомнеж на него, зборуваше нешто нејасно за тајни канали преку границата на нашиот јужен сосед, за шверцување мигранти од Тунис, Мароко, Алжир, Нигерија, Авганистан и Пакистан, за луѓе од Кратово ангажирани околу некаков илегален логор за азиланти, за соработници на Ниротакис од Србија и Унгарија, за земји од Европа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Еве, на пример, една анализа на специјалистите за тајните на Шекспир; според системот a=1, b=2 итн., сѐ до y=23, z=24, со „адиција“ од вербалниот монструм во Загубениот љубовен труд: honorificabilitudinitatibus (бројната вредност изнесува 287) се добива: Hi ludi, tuiti sibi, Fr. Bacono nati.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Природно се очекуваше и тој еден ден да му се исповеда на Камилски за тајните на младоста, за клучните настани од цариградското време кога овде се разминуваа османската епоха и времето на нова Турција на Ататурк, кога се разминуваа верската империја на Калифатот и новата лаичка држава, кога се разминуваа арапската и латиничната азбука, старото шеријатско и модерното европско право, кога се разминуваа Европа и Азија, кога новите институции ги заменуваа старите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Британските политички кругови се обидувале и се обидуваат тоа да го објаснат со тоа што во јули 1940 година движењата на отпорот во Европа се сметале за тајни армии и нивните активности биле спротивни на законите на војната.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Всушност кога се качивме во Кулата, без да ни раскажува за замомчувањето и за тајните поврзани со него тој побрза да ни ја покаже својата срамота.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не заборавај, разговараме за тајна што само мајка ти можела да ти ја открие.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)