за (предл.) - тема (имн.)

18 На ѕидовите од собичката висеше врамено писмо од Samuel Beckett во коешто младиот Beckett ѝ се заблагодарува на Gail што го избрала за тема на својата докторска дисертација. Gail ретко беше дома, па времето повеќе сакав да го минувам во кујната одошто во собичката.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Подоцна во ноќта Лит и Беренц, покрај чаша вино што ја испиваа во канцеларијата на командантот, се исчудуваа од каде на ова копно заборавено од модерната цивилизација, каде што луѓето живеат едноставен живот близок до природата, без малку како желките од ендемскиот вид царетта -царетта, постои, ете, и човек што толку добро говори германски и толку вдахновено говори за теми од музиката, философијата и теологијата, со стил од салоните на Хајделберг, а не од скромна митрополитска резиденција на еден речиси заборавен јонски остров.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
XI Кога најмногу претпоставував дека ќе го предизвикам и задржам интересот на Елен Лејбовиц за темата на која ме поттикнуваше да ѝ пишувам толку многу, таа ме изненадуваше со својот одговор, пишувајќи ми за нешто друго, трето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)